Навивачите на Динамо „Бед блу бојс“ со денови им помагаат на најранливите во Загреб, а фотографијата e направена утрово, на која се гледа како внимателно се изнесуваат инкубаторите, апарати за опстанок на бебињата кои се прерано родени, ги воодушеви сите, пренесува порталот „Индекс“.
Навивачите на Динамо изминативе денови им помагаат на постарите лица и на болните заради пандемијата на коронавирусот, дистрибуираат храна и помагаат при преселбата во Клиничката болница Дубрава.
По земјотресот утрово во Загреб, неколку илјади приврзаници на загрепскиот клуб дојдоа на помош на надлежните служби.
Бремените и породените жени со бебињата кои штотуку дојдоа на свет требаше да го напуштат породилното одделение во улицата Петрова рано утрово и да излезат надвор на студот.
Навивачите им помогнале носејќи ќебиња и материјали, а потоа почнале да преместуваат делови од породилното одделение на улицата Петрова, пренесува „Индекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.