Бебето кое утрово било пронајдено во белградската населба Жарково, било штотуку родено, на себе сè уште ја имало папочната врвца и било крваво. Тоа не било пронајдено помеѓу гробните места, како што утрово информираа српските медиуми, туку недалеку од гробиштата во контејнер.
Како што за „Блиц“ раскажува Слободан Цветковиќ, човекот кој го пронашол новороденчето, тоа било заврзано во црна ќеса за ѓубре. Тој утрово го шетал своето куче и кога се приближил до контејнерот да го фрли изметот, слушнал стенкање.
Во прв момент помислив дека мачка паднала во контејнерот и почнав да го разместувам ѓубрето за да ја ослободам. Така ја најдов ќесата од која доаѓаше звукот. Отворив и што ќе видам, раскажал Цветковиќ, кој веднаш повикал полиција и Брза помош.
Новороденчето сега е во добра состојба и згрижено во соодветна институција, но како што вели директорот на Универзитетската детска клиника во Белград, многу малку недостигало за оваа приказна да има лош крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.