Aмериканската пејачка родум Дебар, Бебе Реџа, вчера посети семејство во Бубќ, Албанија, една од најпогодените зони од катастрофалниот земјотрес, а потоа заедно со албанскиот претседател Илир Мета и селото Биз Ишем.
Во изјава за медиумите во Бубќ таа истакна дека ќе остане во Албанија само неколку часа поради обврските, нагласувајќи дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа.
Таа вети изградба на две куќи и помош за санација на училишта.
Целта на моето доаѓање е да придонесам во подигнување на свеста преку светските медиуми и да обезбедам поголема помош за земјата и да најдам најдобро решение за парите што ги собравме. Не заборавам од каде доаѓам или колку популарност имам. Во моите вени тече албанска крв. Ние сме синови и ќерки на Мајка Тереза. Ќе изградам две куќи, ќе помогнам во реконструкција на училишта. Тука сум за да им помогнам на Албанците, истакна Реџа, изразувајќи благодарност до сите кои помогнале.
Заблагодарувајќи се на Реџа за нејзиниот придонес, Мета рече дека „само преку солидарност ќе ја надмнеме оваа тешка состојба“.
Бебе Реџа е родена во Дебар, Македонија. Татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.