Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на интензивна нега во детска клиника, а синоќа ја загуби битката за живот.
Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.
По направениот ПЦР тест, било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде што му се влошила состојбата и го загуби животот.
Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство.
За жал денеска ја имавме најмладата жртва од пандемијата во нашата земја. Бебе кое 17 од неговите 37 дена, помина борејќи се со коронавирусот. Вирусот не прави разлика, но денес тагата е неподнослива. Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство – напиша Мицотакис.
На случајот со бебето заразено со ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција на пред десетина дена на една од редовните прес конференции за ситуацијата со пандемијата во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.