Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, обвинува дека земјата има највисока стапка на смртност кај лекарите, како последица Ковид-19.

Во видеозаписот објавен на Инстаграм Баша нагласува дека тоа е факт кој го зголемува бројот на неуспеси на Рама во изминатите осум години.

Колкава е смртноста на лекарите од пандемијата во Албанија во споредба со европските земји? прашува тој и одговара: Највисока. Албанија има најголема смртност на медицинското тело, – наведува Баша.

Официјалната ковид статистика потврдува дека во Албанија од почетокот на пандемијата, битката со ковид-19 ја изгубиле 46 здравствени работници, од кои над 90 отсто лекари кои инфекцијата ја добиле на работното место.

Прва жртва меѓу „белите мантили“ беше професор доктор Арјан Пуши (58), познат хематолог, со бројни научни трудови, редовен професор на Медицинскиот факултет, кој почина на 30 јули во Инфективната клиника во Тирана.

Според статистиката што ја објавува Министертвото, вкупниот број почнати како последица на Ковид-19 во земјата е 2.045, но само на оние кои починале во болнички услови.

Во меѓувреме продолжува процесот на вакцинација, со кој до сега се опфатени 24.887, главно здравствени работници, потоа постари лица од 80 години, како и просветни работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.