И покрај сите апели и пропишана забрана за движење, денеска претпладне на подрачјето на заштитната зона НП Фрушка Гора, дежурната чуварска служба и патролите на полицијата затекнале посетители како во тек на вонредна состојба и полициски час без дозвола, кампуваат и се рекреираат – соопшти ЈП Национален парк Фрушка Гора.

Сите лица кои се затекнати на теренот легитимирани се од страна на надлежните органи и превземени се сите законски пропишани мерки, стои во соопштението во кое се повикуваат сите граѓани на лична и опшествена одговорност и молат сите да бидат разумни, трпеливи и толерантни во интерес на сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.