Српските медиуми денеска објавија писмо од пораешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ до тогашниот командант на НАТО, Грегор Џонсон испратено само две недели пред да биде убиен , што може да фрли нова светлина во атентатот.
Во писмото Ѓинѓиќ вели дека е загрижен за случувањата на Косово и оти полека таму се создава држава. Поради тоа, тој бара дел од српската војска да се врати на Косово што е и предвидено според договорот од Куманово.
Загрижен сум од можноста да УМНИК им довери некои можности за обезбедување на локалните албански власти. Затоа барам враќање на српската војска на Косово, односно доаѓање на барем 1000 војници на колку имаме право според договорот од Куманово. Со тоа би бил пополнет безбедносниот вакум-напишал Ѓинѓиќ во писмото кое веројатно му пресудило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.