Авио-компанијата „Адрија Ервејз“ објави банкрот, со што го затвори бизнисот после 58 години работа.

Во соопштението на компанијата се вели дека на 30.09.2019 година е основана стечајна постапка пред Окружниот суд во Крањ, Словенија, а судот ќе донесе пресуда за побарувањето во рок од три дена.

„Адрија“ ги запре сите летови минатата недела и се обиде да го реши проблемот во рок од седум дена, но не успеа. Од Владата на Словенија претходно беше побарана еднократна помош од 4 милиони евра, но тоа беше одбиено.

Таа авиокомпанија некогаш била државна, но во 2016-та била приватизирана и продадена на германскиот фонд 4К Инвест

Покрај „Адрија“ во тековната година со работа престанаа и „Германија“, „Флајбми“, „Вау ер“ , „XL ервејс“ и последен во низата гигантот „Томас Кук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.