Судот во Милано ги осуди Миле Ѓорѓевиќ и Мариан Бузик на шест години затвор поради кражба.Тие се осудени бидејќи ограбиле старица од нејзината куќа во Милано и украле накит и кеш во висина од 600.000 евра.

Миле и Мариан влегле во куќата на старицата и ја мачеле да им го отвори сефот. Кога таа го отрорила сефот тие ја заклучиле во тоалетот.

Но, тие не би биле Балканци ако не се пофалат на Фејсбук со „пленот“ и со луксузниот начин на живот. Тие изнајвувале лимузини и се облекувале во скапа гардероба.
Тоа и станало сомнително на полицијата и веднаш ги привела по што тие признале за стореното дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.