Една од најголемите измани среде корона криза се случува во Италија. Погодувате актери се луѓе од овоие простори, поточно од Србија. Семејството Јовановиќ изршиле филмски измами за кои мора да им се честита на снаодливоста и на приказните кои им ги продавале.
Тие имале добро разработена шема дека се влијателни луѓе во политичките кругови во Италија, со врски насекаде и оти можат да им помогнат на клиенти кои имаат сомнителни пари а сакаат да ги изнесат од земјата.
Се преставувале најпрво како банкари, па потоа како шеици, и стекнале доверба кај луѓе од високиот свет.
На странците им нуделе можност за трансфер на парите или пак замена за да инвестираат во Италија или во ОАЕ, Хонк Конг или Куба.Наивните боагати странци им давале пари кои Србите требало да ги исперат и направат легални.
Наместо, тоа им се губело секаков траг и луѓето останувале и без пари и без инвестиција.
Парите семејството Јовановиќ ги трошело на купување куќи и стилско уредување. Погледнете каков вкус имале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.