Најголема зависност во Хрватска е алкохолизмот, а според публикацијата на Хрватскиот завод за јавно здравство за менталното здравје на нацијата, зависни се околу 250.000 лица, пренесе „Хина“. Зависници од алкохол има за четири пати повеќе мажи во однос на жени, кои на психијатриско лечење завршуваат најчесто поради депресија.
Од алкохолизам, се лечат само осум проценти од зависниците.
Во Босна и Херцеговина продолжува трендот на зголемување на бројот на зависници од коцкање, изјави управникот на Клубот за лечење на зависниците од коцка во Мостар, Марко Ромиќ кој додаде дека во Босна има најголем број обложувалници во Европа, во однос на бројот на жители.
Тој за „Фена“ рече дека БиХ по бројот на зависници предничи во регионот, а во последно време сѐ повеќе жени бараат помош поради коцката.
„Имавме за пример една старица која сета своја пензија заработена во странство, ја потрошила на бинго и обложувалници. Таа во еден ден ја потрошила целата пензија, која изнесувала околу 1.500 марки, а кога не знаела како да се справи со проблемот, почнала да размислува на самоубиство“, рече Ромиќ.
Истакна дека често се коцкаат лица со подобра материјална состојба и меѓу нив има многу угледни граѓани, како и доктори и инжинери.
Додаде дека мажите најмногу се зависни од спортско обложување, трки, апарати и рулет, а жените од бинго.
извор: 24info.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.