Два послаби земјотреси беа регистрирани денеска во Словенија, еден со епицентар кај Љубљана, а другиот кај Идрија.

Сеизмографите утринава во 1:09 часот по локално време регистрирале потрес со магнитуда од 1,0 степен на два километри источно од главниот град на Словенија, а како што пренесуваат словенечките медиуми, потресот се почувствувал во некои делови на Љубљана.

Во 6:04 часот наутро по локално време, бил забележан уште еден послаб земјотрес со магнитуда од 1,1 степени по Рихтер, со епицентар на 42 километри западно од Љубљана, односно во близина на градот Идрија.

Кон крајот на декември Хрватска беше погодена од серија на земјотреси од кои најсилниот беше со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.