„Тажен пораз на Русија на Балканот“, „Балканот доби нова држава“, „Грција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО“, „Грчкиот Парламент прв го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО“, ова се само дел од насловите во медиумите во регионот.
Освен што известуваат за гласањето и тензичната атмосфера во грчкиот парламент медиумите ја објаснуваат и понатамошната процедура со која Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Македонија.
Бугарската агенција БГНЕС го пренесува ставот на македонскиот премиер, Зоран Заев објавен на Твитер дека за Македонија успехот е загарантиран.
Бугарската телевизија Нова ја пренесува веста за Протоколот ратификуван во Грција и наведува дека тоа е тажен пораз за Русија на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.