Поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник од Нова демократија, Дора Бакојани, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ вели дека за нашата земја ќе го користи новото име Македонија, но нема да може да каже Македонец премиер или Македонец министер.

Секако ќе ја нарекувам Македонија, како што ја нарекувам секоја земја со нејзиното име. Јас секогаш, соседната земја ја нарекував поранешна југословенска Република Македонија, што беше нејзиното официјално име. Сега кога официјално име е Македонија, ќе ја нарекувам Македонија. Она што нема да можам да го направам е да кажам Македонец премиер. Следниот премиер или господинот Заев ќе го наречам премиер на Македонија. Македонец премиер и Македонец министер нема да кажам. Нема да кажам, бидејќи сметам дека тоа е основната и многу голема грешка на овој договор, рече Бакојани.

За време на интервјуто за грчкото радио прашана за несогласувањата на Нова демократија за Договорот од Преспа, Бакојани, осврнувајќи се на нашата земја, самата го употреби името Македонија.

Нашето несогласување со Договорот од Преспа е длабоко политичко и суштинско, бидејќи она што ние го кажуваме е дека долгорочно, затоа што не е решено идентитетското прашање, односно иредентизмот, ќе постоја проблеми и во внатрешноста на Македонија и надвор, рече Бакојани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.