Дора Бакојани, влијателниот член на грчката опозициска Нова Демократија и поранешна министерка за надворешни работи која своевремено го блокираше премот на Македонија во НАТО во 2008-ма, за грчки „Скај“ истакна дека премиерот Алексис Ципрас веќе има обезбедено 151 глас за Преспанскиот договор и не му е потребна поддршка од коалициониот партнер Панос Каменос.
“Ципрас обезбеди мнозинство пратеници за Преспанскиот договор и го доведе Каненос во очај”, рече Бакојани.
Каменос, иако е актуелен министер за внатрешни работи, преку видео-пораки му се заканува на Ципрас дека ќе ја напушти Владата кога ќе дојде редот за ратификација на Спогодбата од Преспа.
Бакојани овој потег на лидерот на АНЕЛ (Независни Грци) го објаснува со тоа што не може да го поднесе тоа што одлуките на Ципрас и Сириза повеќе не зависат од него.
“Наскоро ќе слушнеме плачлива изјава од министерот за одбрана, бидејќи нема друг избор, нема партија зад себе. Тој е во состојба на очај и на крајот ќе се предомисли“, наведе Бакојани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.