Претседателот на Партијата за демократска акција и потпретседател на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, е позитивен корона вирус, јавија медиумите во БиХ.

Како што објави „Радио Сараево“, Изетбеговиќ резултатите ги добил утрово и има поблаги симптоми.

Бакир Изетбеговиќ воопшто не е болен, тој е само позитивен. Имаше благи симптоми и е во изолација од моментот на тестирање. Тој ги откажа сите планирани активности – потврдуваат од Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.