Американскиот претседател Џо Бајден му напиша писмо на српскиот претседател Александар Вучиќ во кое од него бара, меѓу другото, да ги подобри односите и да го признае Косово. Во своето писмо американскиот претседател му ветува на Вучиќ американска поддршка за евроинтеграциите на Србија.

Во име на американскиот народ упатувам срдечни честитки до вас и вашите сограѓани додека го славите Националниот ден на Србија на 15 февруари. Додека ги одбележуваме 140-годишното партнерство меѓу нашите две земји, САД ја одржуваат својата постојана посветеност за унапредување на економската соработка, регионалната стабилност и демократските вредности.

Ние остануваме непоколебливи во поддршката за целта на Србија за европска интеграција и ве охрабруваме да продолжите да преземате силни чекори напред за да ја постигнете таа цел – вклучително и воспоставување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите со Косово.

Силата на нашата врска е изградена врз длабока историја на врски меѓу луѓето, кои се бореле како сојузници и во двете светски војни, и ние го цениме големиот придонес што Србите го дадоа во американското општество во многу области. „Ние исто така ја цениме нашата блиска соработка во борбата против пандемијата КОВИД-19, бидејќи заеднички се соочуваме со овој невиден глобален предизвик, напиша Бајден во своето писмо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.