Сообраќајна несреќа која можела да предизвика вистинска трагедија се случила утрово во близина на Белград кога автомобил „Форд Фокус“ директно се забил во автобус на превозникот „Ласта“ кој бил полн со патници. Четири патници кои се патувале во автобусот биле повредени меѓи кои имало и петгодишно дете, а автомобилот кој се забил во нив бил со австриски таблички и возел во спротивна насока додка бегал од полицијата.

Брзата помош и полицијата веднаш интервенирале на местото на несреќата, а и возачот на автомобилот бил повреден и итно пренесен во болница. Повреденото дете пак и една жена исто така биле пренесени во белградската болница, а за среќа минале со полесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.