Митропитот на СПЦ Амфилохије, кој денеска беше погребан важеше за голем противник на Македонската православна црква.
Тој во неколку наврати кажуваше и дека некакава Македонска црква е опасност за Балканот и за православниот свет и оти треба низ дијалгот да се дојде до решение. И на неговиот погреб беше поздравена Украинската и Албанската православна црква, но не и Македонската.
Во интервју за Tass во јануари Митрополитот рече дека обидот на Вселенската патријаршија да повтори украинско сценарио на Балканот би значело објавување на војна кон СПЦ.
Што се однесува до Македонија после сите случувања во Украина не очекувам Цариград да и отвори војна на Српската православна црква. После Украина се е можно но не верувам дека тоа ќе се случи.
Амфлилохије требаше да ги води преговорите со МПЦ за статуот на МПЦ но тие никогаш не продолжија бидејќи Митролитот беше посветен на проблемите што ги имаше СПЦ во Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.