Пет семејства завиени во црно е новиот биланс од сообраќајната незгода што го потресе регионот, а се случила утрово кај Ниш. Воз удрил во автобус кој преминувал преку железничка пруга, а од јачината на ударот, автобусот се преполовил. Едната половина останала од едната, а другата од другата страна на пругата.
На самото место загинале три лица, а две им подлегнале на повредите во операциски сали во Клиничкиот центар во Ниш. Најмалку десетмина се во тешка животозагрозувачка состојба.
Телеграф ги објави имињата на загинатите: 75-годишен Богомир Лазиќ, 48-годишна Даниела Станковиќ, 42-годишна Наташа Јанковиќ и момче и девојче на 15 години.
Возачот на автобусот опериран, го чува полиција
Вочазот на автобусот, осомничен дека е виновен за несреќата, е во истата болница во која на повредите им подлегнале 15-годишниците, а лекарите се борат за животите на десетина лица. Тој е оеприран, а полиција го чува од роднините на настраданите.
Блиц пренесува дека и полицајците плачеле додека ги извлекувале жртвите.
Сцените се толку ужасни што и полицајците плачат доека ги извлекуваат жртвите. Автобусот буквално е пресечен на два дела, вели очевидец за Блиц.
Две деца во критична состојба
На лекување се задржани 13 лица, од кои осум се малолетни, а момче и девојче на 16 години се во тешка состојба.
Девојчето има тешки повреди на средишниот нервен систем, оперирано е, но е во кома. Момчето има повреда на горниот дел од карлицата. Борбата за нивниот живот продолжува, изјавил српскиот министер за здравство Златибор Лончар кој е во посета на Клиничкиот центар во Ниш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.