Во Омољица кај Панчево девет патници се полесно повредени во судир на комбе и автобус на „Пантранспорт“.
Тие по прегледот во Општата болница Панчево биле пуштени дома. Сообраќајната несреќа се случила по 14:30 часот во Омољица кај Панчево. Се судриле автобус и комбе, по што автобусот удрил во куќа, јавува РТС.

До судирот дошло кога возачот на комбето излегол од споредната улица на главниот пат, а возачот за да избегне директен судар, излетал од коловозот и застанал покрај тротоарот.

Според порталот Pancevo.mojkraj.rs, при ударот во куќата била скршенa шофершајбната на автобусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.