Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека сака построги контроли на границите за повратниците од летните одмори, затоа што има огромен прилив на корона вирусот од Хрватска.
Моменталните бројки се загрижувачки. Ние мора да сториме сè што можеме за да го запреме вирусот без да воведеме нови сеопфатни забрани, рече Курц.
Тој додаде дека зголемувањето не изненадува со оглед дека летната сезона е во тек.
Повратниците од летувалиштата од Хрватска ќе треба да покажат негативен тест за вирусот од понеделник или да бидат подложени на тестирање во рок од 48 часа.
Хрватска повторно беше вклучена во списокот на ризични земји по веста за рекордниот број ново заразени со вирусот корона, а одлуката ја донесе австриската влада.
Областите под ризик го вклучуваат копното на Шпанија и Западен Балкан, како и Бугарија, Романија, Русија, Шведска и Соединетите држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.