Европската унија треба да ги преиспита своите односи со Турција во светло на настаните што се случија неодамна, рече во петокот австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Тензиите се појавија откако Турција објави дека планира да продолжи со дупчењето на нафта и гас во она што Грција го гледа како свои територијални води, а ескалираше вчера кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Атина за напад врз бродот за експлоатација на нафта.

Германија и Франција и претходно и порачаа на Анкара да не го интензивира раздорот меѓу двата народа, додека турското Министерство за надворешни работи истакна дека на секоја „провокација“ од грчка страна ќе биде одговорено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.