Двајца грчки еврокомесари, Димитрис Аврамопулос и Корина Крецу, во последните 24 часа излегуваат со дијаметрално различни ставови во однос на дебатата што за Преспанскиот довор и очекувањата од него се води во грчкиот Парламент.

Аврамопулос, како комесар за миграциска политика на ЕУ и поранешен грчки министер за надворешни работи изјави дека „Договорот од Преспа не е урамнотежен, а со тоа е и проблематичен”, додека Крецу, како евокомеасар за регионален развој, изрази надеж дека Договорот што поскоро ќе биде имплементиран, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Едно е географска одредница за која сите влади се согласувавме, а друго е историска одредница што се обидува да се постигне преку договорот. Националност и јазик значат национално постоење и даваат можност за иредентистички националистички политики, изјави Аврамопулос, пренесе АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој додава дека владата наместо да ги игнорира партиите, требала да се стреми кон национален консензус пред да го постигне договорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.