Во овие фотографии е отсликата целата моја децениска борба со аматерите во работата, со алчност, бедните штедења во арматурата, фиксаторите, сеизмичките платна, вели белградскиот архитект Небојша Глишиќ, кој споделувајќи ги фотографиите од новоизградените згради кои се урнаа во земјотресот кој ја погоди Албанија, укажа колку слични трагедии може да се спречат, доколку се работи по пропис.

Милион пати сум се сретнал со тоа прашање: Зошто толкава арматура и бетон? Еве зошто. Не се случува секој ден, но кога ќе се случи, носи човечки живот и прави неизмерна штета. Да се работеше по прописи, сите овие згради, повредени и мртви во нив би биле живи и здрави. Освен ситни пукнатини и испаднати работи по станот и куќата, ништо посериозно не би се случило. Денес би имале и дом и живот.

 

 

Првата слика зборува како потполно нов објект потклекна под тежината на спратовите, евидентно без адекватни сеизмички платна, хоризонтални и вертикални армирани бетонски фиксатори, кои би ги прифатиле моќните сили на земјотресот…само се склопи…како што може да се склопат спратови на старите објекти на кои се наѕидани силни спратови. Залудни се арматурата и бетонот горе, кога колената доле се тенки.

На втората и третата слика се гледа како се рушат агли на зградата во очигледен недостиг на армирани бетонски серклажи. Одбив неброено пати да учествувам  во проектите на беспотребно надградување, бидејќи она што може да се случи, јасно е како ден. Кога ќе се вклучи таа сорта на луѓе која ги реализира, а морал и образот одамна им исчезнал, опиени со профит, ваквите слики се неизбежни. Редовно ги прашувам, дали помислуваш дека твоето дете или внуче е отидено кај другарче на гости во тоа што си го склепал и се случува земјотрес…и до крај на животот живееш со сознанието дека си ги убил поради четири шипки арматура Р14 и малку бетон, пишува архитектот Глишиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.