Германскиот весник „Билд“ објави снимени разговори на кои се слуша гласот на Еди Рама, актуелниот албански премиер, потоа Арбен Кешиј, од Министерството за внатрешни работи, како и поранешен министер за економија и други функционери.
Во сите нив се слуша како се договараат закани, купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја,кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.
Прислушуваните разговори се од досијето 184 кое три години останало во фиоките на албанското обвинителството со кои се открива шокантна евиденција,- пишува новинарот Питер Тиде.
Иако според законот во Албанија на функционер од јавната адмнстрацја им е забрането учество изборна кампања или избор за некоја политичка партија. Во една, од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.
И во останите снимки функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовте.
Експресно по објавувањето на снмките Обвинителството за тешки кривчни дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досијето.
Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство а е направено со флагрантно кршење на законот,соопшти обвинителството.
Çfarë mjerimi dhe çfarë përpjekje e dëshpëruar për manipulimin e njerëzve dhe nxirjen e Shqipërisë!Çfarë gënjeshtre:AK s’ka punuar në polici asokohe dhe ka qenë denbabaden kandidat komune në Maqellarë.E konfirmoj këtë bisedë dhe do e bëja prapë njësoj!Kush ka veshë le të dëgjojë pic.twitter.com/AEuY06WGes
— Edi Rama (@ediramaal) June 17, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.