Турската полиција уапси денеска 27 лица во Истанбул, осомничени за поврзаност со терористичка организација Исламска држава.
Лицата биле уапсени рано утрово во 15 окрузи низ Истанбул, во акции на антитерористички полициски единици.
Осомничените се подготвувале за терористички напади, а причината биле неодамнешните објави на социјалните мрежи во кои бил навреден пророкот Мухамед. При претресот на домовите на уапсените, пронајдени се многу документи и дигитални материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.