Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Загреб каде на плоштадот Свети Марко ја пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Меркел престојува во Загреб за да присуствува на централниот предизборен собир на ХДЗ пред изборите за Европскиот парламент, во загрепската хала Дражен Петровиќ.

Меркел и Пленковиќ ќе имаат тет-а-тет разговор по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Според хрватските медиуми, германската канцеларка ќе биде главен говорник на собирот на ХДЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.