Голем е влогот со гласањето на доверба на Владата на Ципрас откако коалициониот партнерот на Сириза се повлече од Владата, поради договорот со Македонија, анализира Фајненшал Тајмс. Влогот е голем не само за грчкиот премиер Ципрас, туку и за Скопје, но и за Балканот и за ЕУ. Што ќе се случи со Македонија, регионот и ЕУ ако деновиве падне Алексис Ципрас?

Во анализата се наведува дека Ципрас сега мора да се избори за мнозинство во парламентот, каде што неговата партија има 146 од 300 места. Евентуалниот неуспех ќе фрли сомнеж на договор за промената на името на Македонија, кој во петокот го одобри македонскиот Парламент, но треба да биде ратификуван и од грчката страна, пишува весникот.

Билатералниот договор меѓу Атина и Скопје кој се потпиша лани, а предвидува дека соседот на Грција да го промени своето име во Република Македонија, што значи крај на речиси три деценискиот спор што изби по распадот на поранешна Југославија и го отвори патот за Скопје да влезе во НАТО и ЕУ, што ќе биде поттик и за петте соседи од Западен Балкан, кои, исто така, сакаат да се приклучат на европскиот блок, според британскиот весник.

Весникот потсетува дека договорот за решавање на спорот, кој се потпиша во јуни е од клучно значење за договор за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Скопје, и покрај загриженоста на некои членки на владеењето на правото и организираниот криминал во Македонија.

Поддржувачите на проширувањето на ЕУ се борат да ги убедат скептичните земји како Франција и Холандија дека Македонија има направено значителен напредок во реформите потребни за почеток на пристапните преговори, се додава во анализата на Фајненшал тајмс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.