Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска одговараше на прашања за проектот Јадар и компанијата Рио Тинто, а еден детал од телевизискиот пренос го привлече вниманието на твитер заедницата.
Имено, српската премиерка на телевизија беше потпишана како премиерка на Република Хрватска.
Таа грешка предизвика голем број коментари и реакции на Твитер.
Ај нека биде премиер во својата држава, напиша еден твитер корисник, алудирајќи на тоа дека дедото на премиерката е од Крк.
Па, сакаат да ја земат, напишал друг.
Таа постигна напредок, премиерка е на една од земјите на ЕУ, гласи еден од хумористичните коментари.
Можеби знаат нешто што ние не знаеме, се пошегува друг твитерџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.