Ана Брнабиќ ќе го добие мандатот за состав на новата влада на Србија.

Jа потпишав одлуката, а тоа ќе биде Ана Брнабиќ. Iмам многу високо мислење за неа. Таа не го разбираше својот мандат како време за лична промоција, туку работеше посветено за доброто на луѓето и немам за што да се жалам – изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по седницата на владејачката Српска прогресивна партија на која единствена тема беше формирање на нова влада.

.Според министерот за финансии Синиша Мали, предлогот на Вучиќ за нов премиер бил прифатен едногласно.

Брнабиќ беше премеир на Србија од 29 јуни 2017 година. Таа е прва жена премиер во Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.