Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести Интернешенал (АИ) оцени дека обвинението против косовскиот претседател Хашим Тачи, претставува надеж за жртвите на косовската војна да се дознае вистината за злосторствата.
Обвинението носи надеж за илјадници жртви на косовската војна кои чекале повеќе од две децении да ја дознаат вистината за ужасните злосторства извршени врз нив и нивните најмили. Обвиненијата, што се први за Специјалното обвинителство, покажуваат дека високите функционери не се над законот – оцени претставничката на АИ за Балкан, Јелена Сесар.
Според неа, веројатно се убедливи доказите за воените злосторства извршени од раководството на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вклучувајќи постојана кампања за прогон на Срби, Роми и политички противници меѓу косовските Албанци.
Некои од наводите вклучуваат вмешаност во трговија со органи, киднапирања, злоставување затвореници и сексуално насилство.
Тачи денеска поднесе оставка од претседателската функција откако беше известен дека Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, со седиште во Хаг, го потврдил обвинението против него за извршени воени злосторства и злосторства против човештвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.