Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, ги демантираше информациите дека има судир меѓу САД и ЕУ околу евроинтеграцијата на Албанија.
Во реакцијата на Твитер Ким напиша дека ваквите информации не се карактеристични за реалната состојба, нагласувајќи дека САД и ЕУ се обединети во поддршката на интеграцијата на Албанија во ЕУ.
Ваквите написи лошо ја карактеризираат ситуацијата. САД и ЕУ се обединети во нашата поддршка за Албанија во ЕУ. Во ниту еден момент САД не повикаа на „затворање на очите“ за недостатоците, туку напротив ги нагласивме истите и понудивме поддршка за напредок – напиша амбасадорката Ким.
Амбасадорката додава дека САД заедно со ЕУ се многу фокусирани на правосудните реформите во Албанија, вклучително и потребата Уставниот суд да профункционира до крајот на годинава.
Амбасадорка Ким во неколку наврати упати апел Уставниот суд, кој не функционира повеќе од две години, да биде формиран до крајот на годинава, што како што истакна, е „нешто што албанските власти го ветиле“.
Ким во последниот апел „ги замолува Претседателот, Парламентот и правосудните институции да продолжат итно да работат за финализирање на тоа „многу битно прашање“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.