Американската амбасадорка Јури Ким, која присуствуваше на фестивал во Пустец, одговарајќи новинарски прашања за напредокот на правосудните реформи, рече дека „лажат оние што велат дека правосудната реформа не е ништо“, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Мислам дека правосудната реформа се движи напред, полека, полека. Сега е време да продолжиме понатаму. Не се откажувајте. Некои луѓе велат дека реформата во правдата не е ништо, ние мора да се откажеме, но не, тие ве лажат, не се откажувајте, изјави Ким.

Според Топ чанел, за разлика од нејзниот претходник, амбасадорот Доналд Лу, кој спомна голема риба за да илустрира корупција на високо ниво во Албанија, Ким се чини нема намера да аплицира етикетирање како нејзиниот претходник.

– Јас сум дипломат. Јас не сум обвинител, не сум рибар, не сум судија, јас сум само дипломат. Институциите имаат своја одговорност, тие знаат кои се нивните одговорности, мислам дека почнуваат да ги исполнуваат. Да ги поддржиме, рече таа.

Јури Ким смета дека покрај реформите во правосудството, треба да се зборува и за „убавините на Албанија и душата на Албанците што дава надеж



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.