Aмбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет порача дека „американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изјавата на Коснет во интервју за приштинскиот портал „Газета Блиц“ уследи по најавата на лидерот на Алијансата за иднинат на Косово (ААК) и кандидат на таа партија за претседател на државата, Рамуш Харадинај, дека ќе оргнизира референдум за обединување со Албанија доколку Европската Унија не го смени односот кон Косово, пред се кога е во прашање либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани.
Американскиот амбасадор вели дека би му било „криво доколку Косовците се откажат од државноста на Косово“.
– Мојот коментар за обединувањето (на Косово) со Албанија останува непроменет. Американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот. Би го насочил вниманието на Уставот, кој повикува на мултиетничко општество со верски слободи за сите… Мислам дека Косово има корист од тоа што е мултиетничко и мултиконфесионално општество и разговорите за Голема Албанија, разговорите за Голема Србија на Балканот би претставувале предавање, би претставувале пораз и сметам дека тоа не е одговорот за проблемите на земјата и на регионот, порача Коснет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.