Во полемиката во Србија по француското вето за отварањето пристапни преговори со Македонија и Албанија, со видео порака до медиумите се огласи и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград Сем Фабрици.

Како што јави дописникот на МИА, Фабрици порача дека регионот не треба да се препушти на разочарување, „по одлуката за жал да не се отворат преговорите со Македонија и Албанија и дека ЕУ ќе остане со Србија и партнерите во Западен Балкан“.

Фабрици рече дека го дели разочарувањето и фрустрацијата на луѓето во регионот поради одложувањето на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија.

Рече дека Македонија спроведе импресивни реформи на внатрешниот систем и постигна историскиот договор со Грција преку Преспанскиот договор, додавајќи дека и Албанија спровела реформи, особено во правосудството.

– Не дозволувајте да се изгуби фокусот, ЕУ е посветена на Западениот Балкан, кој е клучен за нас. ЕУ е најголем донатор, инвеститор и трговински партнер на целиот регион, оцени Фабрици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.