Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Британија и САД, како и делегацијата на Европската Унија во Црна Гора ги осудија денес сите облици на насилство, пренесува Вијести.
Во заедничко соопштение за јавноста, се апелира до сите граѓани одговорно да придонесат на зачувувањето на мирот, чувањето на јавниот ред и мир, а до полицијата исклучиво да користи само потребни и законски средства.
„Приоритет во следниот период би требало да биде воспоставување демократски, инклузивен и конструктивен политички дијалог, вклучувајќи ги сите страни кои се искрено определени за светла европска иднина на оваа земја членка на НАТО, почитувајќи ги основните слободи, особено слободата на изразување, слободата на мирно собирање и слободата на вероисповедта“, се наведува во соопштението.
Се додава дека поединци мора да одговараат за своите постапки, како и дека сите кои врз основа на наведените принципи работат на помирување на општеството ќе имаат континуирана поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.