Познато е дека во турско православците кои живееле на територијата на Босна од страв и за помали даноци од Турците го прифатиле исламот. Оваа теорија ја потврдува и режисерот Емир Кустурица, кој открива дека има православно потекло и го земал името Немања.

Но, Кустурца не е единствениот „Србин“ муслиман. Србин, кој ја отфрлил православната вера и го профатил исламот е и поранешниот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, односно неговите предци.

Изетбеговиќи некогаш биле Срби и се презивале Живковиќ, а водат потекло до денешните простори на Ада Циганлија, која ја држеле токму тие во времето на Караѓорѓе.

Дека има српско потело таткото на Бакир Изетбеговиќ, еден од претседателите на Петседателството на БиХ, во едно интервју го тврди и Вук Драшковиќ.

Лидерот на босанските муслимани и поранешен претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ по потекло е Србин, а неговото семејство било сопственик на Ада Цигаанлија. Тоа лично ми го прозна лидерот на босанските муслимани, вели Драшковиќ, а пренсува Еспресо.рс.

Дека Алија има српско потекло и самиот навестувал кога изјавил дека е „Србин со мухамеданска верисповест“. Живковиќ станале Изетбеговиќ кога пребегнале од Србија во 1868 година и го зеле презимето од бегот Изет, а дотогаш биле Живковиќ или на турски Јахија.

Според историските архиви семејството живеело на имот каде што денес се наоѓаат Народниот театар и Клубот на писатели во Белград.

Уште една врска на Алија со Србија е што семејството Изетбеговиќ по бегството од Србија се преселило во Босански Шамац, а во истата куќа во 1952 година се родил првиот демократски премиер на СР Југославија Зоран Ѓинѓиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.