Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин изјавил дека по вчераните и денешените протести се планирани и организирани, како и дека „српската армија нема да тргне никаде, особено не кон центарот на Белград“.

Војската ги обавува редовните активности и никаде нема да мрдне. Да се земе една институција како војската, која има голем углед и така да се зборува за неа, да се зобрува за наводните зли намери на тие луѓе, тоа за мене е само обид за внесување на страв кај луѓето, истакнал српскиот министер за ТВ Пинк.

Тој додал дека претседателот Вучиќ е врховен командант на армијата и дека само тој може да даде наредба за нејзино движење, што до сега се нема случено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.