Д-р Анита Репеџиќ од Рудна Глава го вакцинираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На прашањето од жителите на ова место дали го болела вакцинацијата, претседателот одговорил:Не ни почувствував, докторката Анита има лесна рака!
Во разговор со медицинскиот персонал на Здравствениот дом „д-р Верољуб Цакиќ“, Вучиќ се информирал за процесот на вакцинација во Рудна Глава. Докторката, по давање на вакцината, му порачала на претседателот дека втората доза треба да ја прими за 3 недели, а претседателот ја изненадил со букет цвеќе.
Вучиќ ја прими вакцината на кинескиот произведувач Синофарм, а граѓаните ќе ги имаат на располагање и вакцините на останатите 3 произведувачи (Спутник V, АстраЗенека и Фајзер)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.