Српската напредна партија (СНС) во јуни 2020 година ќе добие целосно ново раководство, од претседател до членови на Главниот одбор, најави денеска лидерот на партијата Александар Вучиќ.

Тој изјави дека нема да се кандидира за лидерската функција во партијата, изразувајќи надеж дека неговиот наследник ќе може да ја предводи партијата како што доликува.

По двочасовната седница на Главниот одбор, Вучиќ истакна дека партијата ќе одржи собрание на Видовден, 28 јуни, а тогаш ќе бидат избрани и членовите на сите партиски тела.

Лидерот на владејачката СНС, исто така, изјави дека актуелната премиерка Ана Брнабиќ на денешната седница на Главниот одбор е избрана за член на Претседателството на партијата со акламација од сите членови на одборот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.