Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти се наоѓа во самоизолација, поради тоа што имал контакт со владин службеник кој бил во тесен контакт со лице заразено од новиот коронавирус.

Информацијата преку својата страница на Фејсбук ја објави самиот Курти, наведувајќи дека станува збор за службеник од Министерството за евроинтеграции (МЕИ), кој, освен со него, имал контакти и со други вработени во Министерството и во премиерскиот кабинет.

– Земени се примероци и ги очекуваме резултатите. Јас имав контакт со него, како и други вработени во МЕИ и премиерскиот кабинет, иако цело време со почитување на физичката дистанца. Од денеска сум во самоизолација во мојот стан сé додека не се објават резултатите од тестирањето на службеникот на МЕИ, информира Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.