Едно лице го нападна косовскиот политичар Албин Курти.
Нападот се случи на партискиот собир на Самоопределување во јужниот дел на Косовска Митровица. Еден од присутните на партискиот собир во Митровица жестоко го навредил водачот на Самоопределениот и се обидел физички да се пресмета со него, што било спречено од обезбедувањето, наведува приштински „Клан Косова“. Реагирал и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири, кој се обидел физички да се пресмета со граѓанинот, користејќи пцовки. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК) реагираа со изјава во која наведуваат дека Курти и в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи го нарушиле уставниот поредок на Косово со одење во Северна Митровица, со цел да соберат евтини политички поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.