Потпишаниот договор меѓу Приштина и Белград претставува важен чекор кон две цели, прво за нормализација на односите меѓу двете земји и второ за мирот и стабилноста во регионот, оцени албанскиот претседател Илир Мета, поздравувајќи го потпишаниот договор.

– Го поздравувам потпишувањето на договорот меѓу Косово и Србија, за кој се преговараше под водство на Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп. Важен чекор кон целосно нормализирање на односите меѓу двете земји и во служба на мирот и стабилноста во нашиот регион, напиша Мета



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.