Кон договорот за соработка „Отворен Балкан“ што деновиве во Скопје го потпишаа Албанија, Македонија и Србија, со кој се отстрануваат граничните бариери за трговија, бизнисот во Албанија гледа со оптимизам и смета дека земјата ќе има придобивки, пренесува Топ чанел.
Додава дека според Институтот за статистика, ИНСТАТ, земјата има негативен трговски биланс со Македонија и со Србија, што ќе може да се подобри со договорот кој предвидува создавање заеднички пазар без царински граници меѓу земјите.
Првиот човек на албанскиот центар на извозници, Албан Зуси, смета дека камионите на Албанија наидувале на многу пречки во царината и затоа овие негативни салда се создадени. Според него, „Отворен Балкан“ е можност да се искористи и да се има придобивки.
Мораме да спроведеме пет услови пред да го потпишеме договорот за слободна трговија. Реципроцитет на стоки, месечни увозни квоти, даноци за субвенции за производи и принцип на заштита. Доколку сè се направи правилно, Албанија го има целиот капацитет да биде најголем корисник од овој договор, оценува Зуси.
Телевизијата посочува дека останатите три земји од западен Балкан, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина сè уште не се приклучиле на иницијативата, додека учесниците во „Отворен Балкан“се категорично сигурни дека ова е иднината. вт/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.