Албанскиот авио-превозник „Албавингс“ денеска организираше два чартер летови од Тирана за Белград, со кој албански граѓани допатуваа во Србија со намера да примат вакцина против корона вирусот.
Таа шанса ја искористи и кабинскиот персонал од оваа компанија.
Гостите од Албанија ги дочека заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, кој ја искористи шансата да направи неколку фотографии со нив.
Деновиве имаше огромен интерес за бесплатната вакцина која Србија ја обезбеди за странците.
Денеска на саемот во Белград можеше да се види и голем број на македонски граѓани, како и луѓе од целиот регион кои чекаа да ја примат својата доза.
Условите беа еднакви како за граѓаните на Србија и покрај лична карта и пасош, на странските државјани не им била потребна додатна документација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.