Бивш пратеник Миљам Зека изјавил дека го известил бившиот претседател на Косово Хашим Тачи дека врз него се подготвува атентат.
Зека спрема пишување на албански медиуми рекол дека припадник на специјалните сили за безбедност, кој наводно е член на семејство на висок политики функционер, подготвува да го убие Тачи.
– Го известив претседателот Хашим Тачи дека се подготвува атентат врз него од страна на пропадник на специјалните сили за безбедност, кој инаку е член на семејство на висок политички функционер и бил во владата. Претседателот тоа го знае. Се покажало дека информациите се точни. Властите исто така се свени за тоа – рекол Зека за Канал10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.