Поддржувачите на албанската опозиција денеска ги блокираа автопатите во најновиот протест против владата, која ја обвинуваат за корупција и врски со организираниот криминал, што владата го негира.

Демонстрантите блокираа пет раскрсници на по еден час, барајќи формирање преодна влада за организирање вонредни избори.

Поддржувачите на опозицијата протестираат од февруари и досега се обидоа да влезат во парламентот и во зградата на владата, а полицијата одговараше со солзавец и водени топови.

Опозициските пратеници поднесоа оставки во парламентот, а повеќето слободни места беа преземени од други опозициски кандидати.

Албанија во јуни го очекува ставот на ЕУ за почнување на преговорите за членство, а ја чекаат и локални избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.