На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година.
Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата.
-Честити божиќни празници и среќна Нова година, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и хармонија во секое семејство. Во новата година уште посилно и уште подлабоко да ја негуваме нашата традиција на соживот, почитување и прифаќање на различностите. Честит Божик, среќна и бериќетна 2021 година, порача Костофски.
За првпат честитка и на македонски јазик беше емитувана во пресрет на 2015 години, кога истата ја упати Нико Китани, како претставник на Македонците во Државниот комитет за малцинства.
Инаку, емисијата на македонски јазик почна да се емитува на 28 септември 2017 година, секој ден, од понеделник до петок, од 20:30 – 21:00 часот. Од полчасовниот термин 5 – 7 минути се отстапуваат за информативната емисија-вести, а во останатите минути се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, поврзани со македонската култура, традиција, обичаи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.