Албанското собрание утре ќе го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. На седницата ќе присуствува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ќе отпатува на работна посета во Република Албанија каде што ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија, закажана за 14 февруари и на која ќе се ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО- соопштија од собраниската прес-служба.

Албанија ќе биде трета земја-членка на НАТО која ќе го ратификува протоколот, по Грција и Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.